Ѓоковиќ за Јокиќ: Најдобар кошаркар во свет, за мене тој е МВП

Само една недела откако Никола Јокиќ доби прашање за Новак Ѓоковиќ и го опиша со преубави зборови, стигна одговорот од неговиот сонародник на сличен начин.

На прес после последниот меч против Лејкерси кога го завери финалето, скромниот Јокиќ доби прашање за Ѓоковиќ и рече дека тој е амбасадор и идол на децата и дека не може да се споредат

Новак му возврати од Париз каде се натпреварува на Ролан Гарос. 

„Пред пола саат гледав на Инстаграм каде објавија еден негов шут како го изведува со ногата позади над Ентони Дејвис и Леброн Џејмс. За мене тој е МВП. Мислам дека никој не може да го направи тоа што тој го прави во моментов. Дефинитивно во моментов е најдобар кошаркар во свет. Неверојатен лик, гордост на Србија. Сите сме горди на него и се надеваме дека ќе успее да го освои првиот прстен.

Ја слушнав неговата изјава за мене, почестен и благодарен сум. Не сме се слушале, вчера го добив неговиот број и ќе му пишам. Тешко е деновиве да дојдеш до неговиот број. Сакам да му пишам за да му се заблагодарам затоа што ме допре со тие прекрасни зборови. Искрено и јас го чувствувам истото за него. Тој е толку скромен и едноставен.

Игра во една од најпопуларните лиги во сите спортови во светот и доминира веќе три години, што е неверојтно. И кога слушате како зборуваат за него Дејвис, Леброн, Антетокумбо. Јас сум голем кошаркарски навивач, Србија е кошаркарска нација. Никогаш сме немале толку успешен во НБА како него. Се надевам дека еден ден ќе го гледам во живо“. 

Скромноста на Јокиќ кога го прашаа за Ѓоковиќ

30 мај 2023 - 08:22