
По пауза од шест години, Новак Ѓоковиќ нема да игра финале на Вимблдон. Го освојуваше четири пати по ред (2018-2022), а потоа ги загуби ланските две финалиња од Алкараз.
На прес конференцијата после поразот од Синер, покажала голема искреност и свесност за својата физичка состојба на 38 години. Згора на сè, се соочи и со повреда.
„Имав доволно проблеми. Не се чувствував удобно на теренот. Не сакам да зборувам детално за повредата и да се жалам дека не можам да играм онака како што знам. Само сакам да му честитам на Јаник за неговата игра. Тој е во финалето, беше премногу добар. Разочаран сум што не можев да се движам колку што би сакал“, рече Ѓоковиќ
Вели дека му станува тешко кога треба да се соочи со повеќе натпревари и ја истакна младоста на двајцата најтешки противници во борбата за освојувањето на уште Гренд слем.
„Телото е истрошено. Колку и да се грижам за него, тоа е реалност. Во последните година и пол го чувствував како никогаш досега. Тешко ми е да го прифатам тоа, бидејќи мислам дека кога сум здрав, сè уште можам да играм навистина добар тенис. Го докажав тоа оваа година, но мислам дека играњето натпревари во три сета оваа година е навистина проблем за мене, физички. Колку подолго трае турнирот, толку полошо станува.
Успевам да стигнам до финалето, стигнав до полуфиналето секој пат кога бев на Гренд слем турнирите оваа година, а потоа се соочувам со Синер или Алкараз, кои се подготвени, млади, остри. Јас влегувам во тие натпревари со половина резервоар и невозможно е да се победи таков натпревар. Тоа е едно од оние нешта што морам да ги прифатам и да се справам со реалноста на ситуацијата.
Сега сум разочаран и лут, најмногу не поради поразот, бидејќи дури и да бев здрав, не бев фаворит против Синер, го знам тоа, но мислам дека имав добри шанси ако бев здрав. Тој физички аспект ме мачи. Таму си, сакаш да играш, одлучен си, но телото не сака да слуша.“
Инаку проблемите со ногата ги почувствувал уште во првиот сет, а еден ден пред мечот не можел ниту да тренира.
„Воопшто не размислував да не излезам на теренот, бидејќи не се чувствував толку лошо, во смисла дека не можев да стојам на нозе. Вчера не можев да тренирам, денес успеав да тренирам, да се загреам и чувството беше добро. Добро, со оглед на тоа што не тренирав вчера и што се случи во последниот натпревар. Имаше неизвесност за тоа како ќе се однесува мојата нога денес, но загревањето помина добро.
Во однос на играњето од место, не трчав премногу, но штом го започнавме натпреварот, на средината од првиот сет, имаше неколку подинамични движења на страната на форхендот каде што морав да се туркам со левата нога и таму почувствував вознемиреност. Првите 6, 7 гема беа во ред, но по тие неколку ситуации во тој еден гем, повеќе не“.
7 кратниот освојувач на Вимблдон јасно кажа дека ова не му е последен турнир и дека планира да се врати на најелитниот тениски собир.