Ѓоковиќ реагираше за несекојдневен потег на противник

Новак Ѓоковиќ ќе игра во осминафинале на Индијан Велс против Британецот Дрејпер, а во меѓувреме со Циципас испаднаа во натпреварите во двојки. Подобри од нив беа братучедите Артур Риндеркнеш и Валентан Вашеро. Во еден момент пред крајот на петтиот гем од првиот сет Риндеркнеш недозволено мавташе со рекетот за да му смета на Циципас. Ѓоковиќ реагираше и судијата им даде бод на Новак и Циципас.

Револтиран од поразот и од ваквиот однос на анонимниот противник, Ѓоковиќ на крајот само формално им пружи рака на ривалите без срдечноста која е својствена за него:

11 март 2026 - 11:24