Генерален пласман на медали на Европското првенство 2026 во водени спортови во Париз

Во Париз од 31-ви јули од 16-ти август се одржа Европското првенство во водни спортови, а најмногу медали освоија Велика Британија, Италија и повратникот Русија.

Велика Британија во последниот ден од Европското првенство „ја претрка“ Италија во бројот на освоени медали. Русите и Русинките се бореа со ривалите од Германија во борбата за топ3 и на крај решавачка стана штафетата во пливање во која славеа Русите.

Русија најмногу злата освои во пливање - 5 златни одличја. Руските синхронисти освоија 3 златни медали, а скокачите во вода - 2 злата. Вкупно синхронистите од Русија на Еуро2026 освоија 7 медали, пливачите 19 а скокачите во вода 6 што е огромен успех за земја која долго време беше суспендирана надвор од базените.

Франција како домаќин на Европското првенство во Париз го освои 6-то место. Златни медали им донесе повредениот Леон Маршал кој славеше на 200 метри пеперутка и 400 метри крал но ја пропушти трката во нему омилената дисциплина - микс (мешано) пливање.

На шестиот ден од натпреварите во пливање на Европското првенство во водени спортови во Париз беа доделени медали во десетина дисциплини. Главни ѕвезди на вечерта беа францускиот ас Леон Маршан, кој стигна до своето прво поединечно европско злато, како и младиот Германец Јоханес Либман, кој постави нов светски рекорд на 1.500 метри.

Во трката на 200 метри пеперутка Леон Маршан исплива 1:51.72 минути и го освои златото. До сребро стигна Унгарецот Рихард Мартон, а бронзата во својата земја ја однесе Апостолос Сискос од Грција.

Јоханес Либман од Германија исплива 14:26.79 минути на 1.500 метри и постави нов светски рекорд. Залан Шаркањ од Унгарија и Оливер Клемет од Германија ги освоија останатите одличја.

Нова европска шампионка на 50 метри слободно кај дамите е Катажина Васик од Полска, а на 100 метри грбно до најсветло одличје стигна Мари-Амбре Молу од Франција. Во дисциплината 50 метри градно во машка конкуренција триумфираше Николо Мартиненги од Италија, а на 200 метри мешано злато освои Елен Волш од Ирска.

ТОП10

1. Велика Британија освои 14 злата, 4 сребра, 8 бронзи (26 медали)
2. Италија освои 13 злата, 15 сребра, 15 бронзи (вкупно 43 медали)
3. Русија освои 10 злата, 9 сребра, 13 бронзи (вкупно 32 медали)
4. Германија освои 9 злата, 11 сребра, 12 бронзи (вкупно 32 медали)
5. Унгарија освои 5 злата, 9 сребра, 3 бронзи (вкупно 17 медали)
6. Франција освои 4 злата, 6 сребра, 5 бронзи (вкупно 15 медали)
7. Украина освои 3 злата, 1 сребро, 3 бронзи (вкупно 7 медали)
8. Грција освои 3 злата, 1 сребро и 1 бронза (вкупно 5 медали)
9. Романија освои 3 злата (вкупно 3 медали, феноменот Давид Поповичи освои 2 златни медали на 100 метри и 200 метри слободен стил што е негово 3 последователно злато на Европски првенства).
10. Холандија освои 2 злата, 7 сребра и 1 бронза (вкупно 10 медали)

17 август 2026 - 13:01