Докторот кој му ја одржува формата на Ѓоковиќ

Најдобриот српски тенисер пред неколку години имаше падови во кариерата, но откако му открија дека е алергичен на глутен, ја смени исхраната и стигна до врвот. Неговите нови проблеми сега ги решава познат светски хирург кој патува со него на турнирите.

Професорот Адолфо Панфили е врвен италијански хирург кој прв отвори центар за хирургија на `рбетен столб, а тој еден е од најзаслужните за формата на Ѓоковиќ на кој во последните две години му ги подобри “каросеријата“ и “карбураторот“. 

Вториот најдобар рекет во светот имаше проблеми со зглобот на турнирот во Монтекарло и поради таа повреда мораше да го пропушти Мастерсот во Мадрид кој заврши пред 10 дена. 

„Новак мислеше дека има воспаление на тетивата и дека треба да одмора, но кога дојде во Рим го посетив и забележав дека има проблеми со `рбетот. Првата наша средба беше пред две години. На контролата се појави дископатија и поради тоа му направив две лесни хируршки зафати“.

Од тогаш Ѓоковиќ побарал од Панфили да патува со него во Вимблдон, УС Опен и Монтреал. 

„Само што стигнавме во Лондон се слушна со еден познат земјоделец за да му донесе само органска храна, а се сеќавам дека кога беше на една свечена вечера јадеше говедска опашка и потоа се чувствуваше лошо. Кога се натпреваруваше во Канада побара од мене да дојдам со него и на јога“.

Панфили се грижи и за други аспекти од здравјето на Ѓоковиќ. Тој е специјалист и за ортомолекуларна медицина, а минатата година му направил и различни тестови на Институтот за спортска медицина и наука во Рим. 

„Новак е одличен и многу експлозивен спортист кој ме потсетува на Ф1 возачот Џоди Шектер. За да биде физички подготвен не е доволно само да го елиминира глутенот, како што му рекле нутриционистите. Му ја измеривме температурата на телото, му направивме тестови за стрес, му ги анализиравме еластичноста и движењата. Ако направам компарација со автомобил, тогаш Ѓоковиќ има мал резервар и врз база на тестот на аминокиселините му подготвивме мултивитамински коктел за да го подобриме“, објаснува доктор Панфили.

22 мај 2014 - 18:17