Чудесната Словенка Ника Превц постави нов светски рекорд!

Деветнаесет годишната словенечка натпреварувачка во скијачки скокови која неодамна по втор пат стана светски шампион, денес постави нов рекорд во женска категорија во скијачки скокови во Викерсунд, Норвешка.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Ника Превц продолжува да го воодушевува светот со своите чудесни скокови. 

Ника во јануари ја одбрани титулата на Новогодишната турнеја „Две ноќи“ која е своевиден пандан на фамозната „Четири скокалници“ кај мажите. Пред само седум дена по втор пат стана светска шампионка, а во четвртокот го одбрани трофејот во Светски Куп.

Инаку во петокот првично тренингот бил откажан поради неповолни временски услови, но подоцна приликите се подобриле и скокачките излегле на патеката.

Ника Превц денес скокнала 236 метри на тренингот од Светскиот Куп во Викерсунд, а истиот подвиг го повторила и на првата и на третата тренинг програма пред малубројните гледачи кои го следеле тренингот.

Превц го поставила новиот светски рекорд само ден откако го освои својот втор Кристален глобус благодарение на нејзината 12-та победа во сезоната во скијачките скокови кај жени.

Досега сонот на Ника Превц и беше да прелета преку 200 метри што и го постигна на својот прв тренинг кога скокнала 236 метри што е нов апсолутен рекорд кај жените. Минатата година на истата скокалница претходниот рекорд го постави Норвежанката Сиље Опсет со скок од 230,5 метри.

„Бев напната малку на врвот, не знаев како да се борам со притисокот, но си реков себеси дека ќе правам онака како што се чувствувам. Знам дека можам добро да скокнам. Само се препуштив и тргнав. Кога бев многу високо, видов дека е можно“, го опишала емотивниот момент Ника Превц откако поставила нов светски рекорд.

14 март 2025 - 15:19