По триумфот на стартот на Ролан Гарос против Александар Ковачевиќ кој е роден во Њујорк и игра за САД, Новак Ѓоковиќ, на камерата после мечот напиша „Против насилство. Косово е срце на Србија“.
Причина за ова беа големите нереди на Косово во понеделникот каде единици на КФОР со шок бомби и солзавец, а припадници на косовската полиција РОСУ со огнено оружје растеруваа српски демонстранти кои се противат на насилно одземање на нивните институции на северот од Косово. Биле повредени две лица од српска националност, а едно лице е во тешка состојба.
„Откажете се од него, уништете му го угледот, депортирајте го, на Новак Ѓоковиќ не му е гајле!“, е насловот на текстот на Оливер Браун уредник во спортската рубрика на лондонски Телеграф.
Во меѓувреме организаторите на Ролан Гарос соопштија дека нема никаква основа ниту прописи Новак Ѓоковиќ да биде казнет.
Оливер Браун понатаму во својата колумна пишува:
„Ако Новак Ѓоковиќ има нешто конкретно, тоа е дека не му е гајле што мислат другите. Можете да правите што сакате, нема да направите ни грам вдлабнатина во неговиот психолошки оклоп. Толку може да се види во неговиот нов скок во турбулентните води на дипломатијата. На најблиската камера на Ролан Гарос напиша „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“. Дали можеби ја ублажил својата порака по тврдењата дека ги поттикнува етничките тензии? Сонувајте за тоа“, пишува Браун.
Новак Ѓоковиќ вечерва после 20:00 часот игра меч од втората рунда на Ролан Гарос каде брка рекорден 23-ти Гренд Слем трофеј. Ривал вечерва ќе му биде Унгарецот Мартон Фуцович.
Браун во својата колумна вели и:
„Ниту неговите најголеми мразители не можат да ја негираат неговата автентичност. Тој е толку посветен да одбие да се вакцинира што во последните девет месеци пропушти еден Грен слем и два Мастерса поради тоа. Иако го исфрлија од еден Грен слем, а не му дозволија да дојде до еден“ објави Браун.
Имено семејството на Ѓоковиќ има корени од Косово. Татко му Срѓан е роден во Косовска Митровица и Новак е посебно емотивно врзан со регионот за кој Србија смета дека е нејзина автономна покраина, а косовските Албанци во 2008-ма година прогласија независност од Србија.