Одржана фиестата со бикови во Памплона

На празникот посветен на Свети Фермин (Сан Фермин) кој паѓа на 7-ми јули, во Памлона, во Земјата на Баските секоја година се одржува традиционална трка со бикови во која учествуваат илјадници учесници од цел свет. Разулавени бикови се пуштаат од затворени капии и наеднаш бркаат десетици илјади луѓе по улиците. Прав фестивал за многумина но и гнев од други кои бараат да се прекине со оваа традиција и животните да не се измачуваат.

Годинава десетина лица биле повредени од кои едно потешко во вторникот вечер, на вториот ден од фестивалот. 25-годишен маж бил повреден откако бик го стапнал на раката. Бил во стабилна состојба. Останатите имале модринки или скршеници, некои на раменици или на глава.

Фестивалот кој стекнал огромна слава благодарение на романот на Ернест Хемингвеј „Сонцето повторно се раѓа“ од 1926-та година.

 

9 јули 2025 - 11:29