Ракомет

Нека ечи „We Are The Champions“

Ако нешто ќе се слуша и репризира долго време по синоќешниот магичен ден за ракометарите на Вардар, тоа е победничката химна која ја пејат шампионите во секој српот. Ја слушаш и се ежиш, толку. Инаку кој би рекол дека еден ден кога Рк Вардар ќе стане Европски првак, ќе ни ја пее Мелани С од Спајс Грлс.

Вардарово лудило на плоштадот во Скопје

Датумот 4 јуни 2017-та ќе биде запишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тој што беше на плоштад пред точно 15 години кога се урлаше за Кометалки, по втор ја доживува неописливата атмосфера на колективно лудо славје за големиот историски подвиг.

Целиот Фајнал Фор во емотивни 4 минути

Можеби најдобар опис на неверојатната завршница на Ф4 во Келн даде главниот организатор, ЕХФ на својот Фејсбук: „Новите момци од РК Вардар дојдоа во Келн, немаа што да изгубат а на крајот победија сè.“

Македонскиот, хрватскиот и словенечкиот коментатор за голот на Чупиќ

Скопската и македонската публика долго долго ќе ги запаметат имињата на Лука Циндриќ и Иван Чупиќ кои им го зададоа последниот удар на гигантите Барселона и ПСЖ за прв историски трофеј на Вардар кој ја покори Европа. Да уживаме на последниот гол на Фајнлфорот во Келн кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт.

Како за 30 денари да го гледаш европскиот првак Вардар

Во рамките од 10. коло на плејофот во македонската ракометна Супер Лига, во среда новиот крунисан шампион на Европа гостува во Велес против тимот на ГРК Борец. Цената на картата симболична. Секоја чест за домаќинот.

Пехарот кренат, Скопје во транс

Во моментите кога Вардарци го кренаа највредниот трофеј во европскиот клупски ракомет додека Мелани Си пееше We Are The Champions, на улиците на Скопје започна еуфоричното славје.

Слави Македонијо - Вардар е европски шампион!

Откако ја скротија опасната Барселона во полуфиналето, ракометарите на Вардар на неверојатен начин ја крунисаа европската одисеја и го совладаа страшниот ПСЖ 24-23 (11-12).

Коментаторот на ЕХФ во транс на последниот напад на Вардар

Не бил само наш Југо од МТВ во делириум во последните 15 секунди од полуфиналето меѓу Вардар и Барселона. Слушнете како реагираше популарниот Том О'Бранагаин кога Лука Циндриќ со проектил го однесе својот тим во историско прво финале.

Голот на Циндриќ за историја на Вардар

Што и да се случи во финале против скапиот ПСЖ, овој гол на Лука Циндриќ ќе остане во аналите на македонскиот спорт. За прв во историјата Вардар јуначки влезе во финалето на ЛШ откако во тврд натпревар ја урна големата Барселона. Клучниот потег на мечот со урлање на Југослав Костовски.

Вардар е во финалето на Лига на шампиони!

Со голот на Лука Циндриќ во последната секунда, Вардар оствари сензационална победа против Барселона 26-25 (13-12) и влезе во големото финале каде ќе игра против ПСЖ.

Борко и Кире едногласни: Нема фаворити во Келн

Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров во сабота со почеток од 18 часот одат на мегдан со Вардар. Прв Фајнлфор за Борко и Вардар, петти за капитенот на Македонија. И двајцата ракометари на Барселона со слични изјави дека вакви натпревари не можат да се предвидат.

Најголемите вредности во спортот

Ништо не му вреди на еден спортист со вили, базени, авиони и милиони ако не ја научи основната вредност во спортот, а тоа е фер плејот. Овие ракометари ја научија таа лекција уште како млади и сега може само да ја пренесуваат. Браво деца.

Како хероите на Вардар стигнаа до Келн

Со 10 победи и 4 порази кои им донесоа лидерска позиција во групата Б и директен пласман во четвртфинале каде го елиминираа Флензбург, момците на Раул Гонзалес стигнаа до историски Ф4 во Келн. Мечот на 3 јуни против Барселона се ближи. ЕХФ не потсеќа на патот на Вардарци до завршницата.

Спорниот момент со тајм аутот на ЖРК Вардар

Јованка Радичевиќ веднаш по завршувањето на финалето против Ѓер изјави: Да игравме два дена судиите немаше да дозволат да победиме. Покрај судиите доста полемики предизвика и овој тајм аут во финишот кој според правилата се свикува кога тренерот сам ќе го спушти картонот на записничката маса.

Тесен пораз на Македонија

Македонската ракометна репрезентација не успеа да собере целосен плен од двомечот со Исланд во квалификацискиот циклус за ЕП 2018. Борко Ристоски повторно бранеше фантастично, но одбраната овој пат потфрли и прими 30 погодоци.

Вардар не успеа, Ѓер се качи на европскиот трон

Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).

Како Унгарците ги провоцираа Романците на Фајнал Фор

Иако играа против Будуќност, домашните навивачи на Ѓер не пропуштија да ги пецнат бројните романски навивачи на Букурешт кој подоцна играше со Вардар. „1918 - Мојата баба е постара од Романија“, стоеше на банерот со кој Унгарците ги закачнаа комшиите за датумот на нивната независност.

Вардарки рафално против Букурешт за европско финале!

Во четвртата година по ред на Фајнал Фор, ракометарките на Вардар првпат се пласираа во завршниот меч за титулата шампион на Европа, откако вечерва го прегазија актуелниот европски првак Букурешт 38-33 (21-13).

Суслина брани како Штербик

38-годишната руска голманка Ина Суслина вечерва во полуфиналето на Фајнал Форот против Букурешт бранеше како својот колега од машкиот клуб на Вардар и фати дури три седмерци во едно полувреме.

Тренерот на Букурешт ќе викаше автобус за назад

Со тотален ракомет, Вардарки го толчат романскиот шампион и актуелен европски првак Букурешт, чиј тренер Пер Јохансон во еден момент од вториот дел бесно ги праша своите избранички: „Ако не ви се игра, да викнам автобус да си одиме дома“?

Важна победа за Македонија, Исланд совладан во Скопје

Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.