Домаќини на Мундијалот следната година ќе бидат Данска и Германија а Светското ќе се игра од 10. до 27. јануари. Ќе има 24 репрезентации од 5 конфедерации.
Паровите од европскиот бараж за Светско 2019:
СРБИЈА - ПОРТУГАЛИЈА
ЛИТВАНИЈА - ИСЛАНД
ЧЕШКА - РУСИЈА
СЛОВЕНИЈА - УНГАРИЈА
БЕЛОРУСИЈА - АВСТРИЈА
МАКЕДОНИЈА - РОМАНИЈА
ХОЛАНДИЈА - ШПАНИЈА/ШВЕДСКА
НОРВЕШКА - БиХ/ШВАЈЦАРИЈА
ХРВАТСКА - ЦРНА ГОРА
Нашите најдобри ракометари ќе бидат домаќини на реваншот од плејофот затоа што се носители, на 12-ти, 13-ти или 14-ти јуни најверојатно во Скопје. Првиот меч ќе се игра на 8-ми, 9-ти или 10-ти јуни во Романија.
Дуелите на Светското ќе се играат во Копенхаген (Ројал Арена - капацитет 13.700), Хернинг (Јуске Банк Боксен - капацитет 15.000), Берлин ( Мерцедес-Бенц Арена - капацитет 14.800), Келн (Ланксес Арена - капацитет 19.250), Минхен (Олимпијахале - капацитет 12.000), Хамбург (Барклајкард Арена - капацитет 13.300).
Веќе квалификувани селекции се: Данска и Германија како домаќини, Франција како актуелен светски шампион, победникот на финалето на Европското 2018 (Шведска или Шпанија) Катар, Јужна Кореја, Бахреин и Саудиска Арабија како полуфиналисти на Азискиот шампионат 2018 и Тунис, Египет и Ангола како финалисти и третопласирана селекција на Африканскиот шампионат 2018.