Ракомет

Што треба да знаеме за Монпеље - противникот на Вардар на Ф4

Дваесет и три дена го чекаат Вардар до историскиот втор Фајнал Фор каде прв ривал во борбата за одбрана на златото ќе му биде тимот кој ја елиминираше Барселона во осминафиналето.

Супер ждрепка за РК Вардар, избегнат е ПСЖ

На денешната ждрепка во Келн, Вардарци за противник во полуфиналето на Ф4 го добија Монпеље.

Трето полувреме на Комити и РК Вардар

И покрај поразот од 27:28, хероите на Раул Гонзалес успеаа да стигнат до толку посакуваниот Ф4 каде ќе следува жестока битка во одбраната за титулата. Во Јане Сандански се слави на големо со познатата шампионе, шампионе.

Was ist das? Das ist Vardar!

Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!

„Ја излези Ѓурѓо“ згрми во Јане Сандански

РК Вардар е на 60 минути до нов и втор фајнлфор по ред во Келн каде би се борел за одбрана на европската титула. Атмосферата во сала на само неколку минути пред почетокот на мечот со Келн ја загреаа Комитите со помош на Мартин од Некст Тајм кој ја испеа акапела изворната „Ја излези Ѓурѓо“.

Кил спремај се за “ауфидерзен“ во Јане Сандански

Слична е ситуацијата на Вардарци како лани. Тогаш имаа 2 разлика од првиот дуел со Фленсбург и потоа фајнлфорот го запечатија пред своја публика со убедлива победа од 35:27. Сега имаат +1 и повторно германски противник како шанса за нов пласман меѓу најдобрите 4 во Европа. Последниот марш на „Ел Команданте“ во Скопје мора да мине триумфално со ваков финиш на навивачите.

РК Вардар - машина која не се гаси

Можеби Везув зоврива уште вечерва, можеби утре плата на Балканот ќе биде 2.000 евра, можеби после тоа и Кил ќе го освои Скопје, но една и единствената вистина на овој ден во светот гласи:

Голот на Македа со кој ја замолкна Шпаркасе арената

Ракометарите на Кил имаа 28:27 на 30 секунди до крајот на првиот четврфинален дуел од Лига на шампиони, но на крајот на семафорот стоеше конечни 28:29. Прво благодарение на Дибиров, а потоа на Македа кој ја искористи грешката на домаќините и со херојски гол од аут му даде крилја на Вардар за реваншот кој е закажан за 7 дена во Скопје. Тоа е кога си имаш работа со европски првак.

Голема победа на Вардар со гол на Македа од своја половина

Во целосно неизвесен натпревар кој кулминираше со драматична завршница во која Кил имаше последен напад за победа, ракометарите на Вардар го добија првиот четвртфинален меч во Лига на шампиони.

За европскиот првак Вардар е тепачка за карти

Иако ние немаме западњачки менталитет и чекаме до 5 до 12, сепак кога е во прашање актуелниот шампион во Европа, друг е муабетот. Вардар го пречекува Кил за 11 дена, а карти за седење веќе нема.

Згрми „We are the champions“ во Јане Сандански

РК Вардар ја одбрани титулата во СЕХА лигата и ја продолжи доминацијата во регионалното натпреварување. Ова е трофеј број 4 во седум годишното постоење на регионалната ракометна лига. Да се надеваме дека ќе го чуеме ова песнишне повторно во Келн додека Столе го крева пехарот.

Плачот на Вардарки низ објективот на ЕХФ

ЖРК Вардар го одигра последниот меч во овој топ состав пред своја публика и од четвртфинале се сели на Ф4 во Будимпешта по петти пат во низа. Ракометарките кои функционираа како семејство имаа емотивно збогум со навивачите во Јане Сандански кои уживаа во нивните настапи. Убаво беше додека траеше.

Вардарки фатија залет за европскиот трон, спремни за Будимпешта

На последниот меч во актуелниот состав од кој многу ракометарки ќе го напуштат клубот, Вардар убедливо го победи Мидтјиланд со 32-25 (17-12) и фатија залет за борбите за европски трон.

Тежок триумф на Вардар на гостувањето против Митјиланд

И покрај големата разлика во класи, ракометарките на Вардар се изнамачија да го добијат првиот четвртфинален дуел од Лига на шампиони со пресврт на десетина минути до крајот.

Тинејџер се расплака од радост што фати пенал во ЛШ

Младиот голман на Кјелце, Милош Валач уште не е свесен дали сонува или игра со неговите идоли. На 16 години дебитираше во ЛШ и успеа да му одбрани пенал на Рајн Некар за огромно воодушевување на сите во салата. Гостите поради бојкот кон ЕХФ играа со младинци и загубија 41:17.

Кога Вуко Борозан шутира, ни повторена снимка не ја фаќа топката

Десницата на Црногорецот е како топ, па кога ќе испали како вчера против Висла, ни голмани од калибарот на Борбели не може да ја видат.

Вардар не победи, ама оди директно во четвртфинале

Ракометарите на Вардар ја прекинаа победничката серија во Јане Сандански оваа сезона во Лига на шампиони и одиграа нерешено против Висла Плоцк. Но тоа воопшто не им ги мати сметките бидејќи завршуваат како лидери на табела.

Вардарки јуришаат кон тронот, победен и Битигхајм

Без многу потешкотии, опоравени од поразот во Мец, ракометарките на Вардар запишаа нов триумф во главната фаза на Лигата на шампионите и со 16 освоени бода го осигураа првото место во групата за полесен ривал во следната фаза.

Цепелин на денот

13 кратниот првак на Полска и европски шампион од 2016-та изведе нешто на кое би му аплаудирале и Кире, Тале, Фичо и компанија, познати по ваквите атракции. Имаме троен цепелин во режија на Кјелце, тимот каде замина Душебаев, а од следна сезона ќе игра и Циндриќ. 

Пораз на Вардар во Нант, меч топката за четвртфинале во Скопје

Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).

Прв пораз на Вардарки во Лига на шампиони

По извонредната серија од девет натпревари, ЖРК Вардар се соочува со првиот пораз сезонава во елитното натпреварување. Ништо страшно. Избраничниките на Дибирова остануваа први на табела.

Лекиќ во ЖРК Вардар заработува 45 македонски просечни плати

Две ракометарки на Вардар влегуваат во листата на топ 5 најплатени ракометарки во светот. Конечно дознавме нешто за темата која кај нас се чува како државна тајна.

Победа на Вардар за чекор кон четвртфинале

Актуелниот европски првак ја оправда фаворитската улога против Пиг Сегед потешко од очекувањата. Шоу на Тимур Дибиров кој го наполни голот на Унгарците со 11 погодоци.

Барселона ја сопре вардаровата машинерија

По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.