Од трите француски екипи, ПСЖ, Монпеље и Нант, најтешката варијанта беа Парижаните, клубот со најсилен состав на хартија и со најголем буџет во ракометната Лига на шампиони, кој од следна сезона ќе го води Раул Гонзалес.
Вардарци можат малку да здивнат бидејќи на Фајнлфорот во Келн пречка за да стигнат до финале ќе им биде Монпеље, дебитант на завршниот турнир откако ЛШ се игра со нов формат.
Тоа значи дека со францускиот првак ПСЖ силите во фајнлфор ќе ги одмери Кире Лазаров со Нант, кој исто така е дебитант на Ф4.
Според оваа ждрепка, можно е реприза на ланското финале на кое Вардар го урна ПСЖ со голот на Чупиќ во последните мигови од средбата.
Полуфиналето меѓу Вардар и Монпеље се игра на 26 мај во „Ланксес Арена“ во Келн во еден од двата термини 15:15 или 18:00 часот.