Актуелниот европски првак ја заврши групната фаза во ЛШ со 31:31 против Висла Плоцк во натпревар кој немаше никакво резултатско значење.
Откако Рајн Некар синоќа одигра реми против Нант, Вардар и официјално заврши прв на табелата во групата А, место кое го носи директно во топ 8.
Пољаците одиграа цврсто и не се даваа цел натпревар без разлика што немаа шанси за понатамошен пласман. До резултат 7:7 се играше гол за гол, а потоа гостите имаа водство кое изнесуваше најмногу до +3.
По нерешените 16:16 на полувреме, Вардар со голот на Лука Циндриќ стигна до прва предност на мечот дури во 39 минута. Во 50-та минута избраниците на Раул Гонзалес притиснаа и поведа со 27:24, но Висла не се предаде и го израмни резултатот.
Вардарци имаа напад за победа, но Стоилов во последните секунди не успеа да реализира зицер.
Најпрецизни ракометари кај Вардар беа Циндриќ со 7 и Карачиќ со 6 погодоци.
Следен противник на Вардар во четвртфинале е подобриот од дуелот Пиг Сегед и Кјелце/Кил.