Во фокусот на колото, ЕХФ го препозна и го издвои моментот кој заслужува да се погледне повеќе од еднаш. Топлото добредојде на Игор Карачиќ во Скопје, кое само Комити и целата публиката во Јане Сандански знаат да го направат да биде посебно.
Вардаровата публика никако не заборава што направи Игор Карачиќ за скопски Вардар. 6 пати македонски, 4 пати регионален, 2 пати европски првак по што се одлучи кариерата да ја продолжи во Кјелце. Тој беше срцето на Црвено - црните.
Ракометарите на Вардар и Кјелце одиграа многу неизвесен меч во 7-то коло од ЛШ. Црвено - црните со многу проблеми околу составот имаа +5, но на крајот добро е што извадија и бод.
Марко Кизиќ има само 18 години а веќе најавува за каков талент станува збор. Синоќа на мечот Вардар - Мешков Брест, Кизиќ бранеше 15-ина минути во кои направи шоу после што ЕХФ ја прогласи неговата одбрана за голманска интервенција на колото.
По домашниот многу висок пораз од Кил, ракометарите на Вардар одново прикажаа ужасна игра, овој пат на гости против Веспрем кој им беше противник во последното финале во Келн. Не личи ова на европскиот првак.
Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.
Актуелниот европски шампион го одигра можеби најслабиот европски натпревар во клупската историја, откако вечерва изгуби дома од Кил 20-31 пред своја публика.
По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Лино Червар во една прилика рече: Филип Миркуловски става глава, каде што други не би ставиле нога. И ете го на 36 години уште игра храбро и ги има оние карактеристични продори во Бундеслигата во дресот на Вецлар.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
ЕХФ ја има фотографијата на неделата во Лига на шампиони откако ракометарот на Монпеље Диего Симонет, немаше соло акција, туку обид за соло акција против 215 см високиот џин од Летонија, кој за жал уште оваа сезона ќе игра за Вардар.
Македонскиот, регионален и европски шампион Вардар со карактер и авторитет ја стартуваше новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Падна Монпеље, незгодниот француски противник кого го совладаа и ланска сезона во прво коло.
По долги исчекувања, МТВ конечно ја израдува македонската јавност која не ги поседува регионалните спортски канали кои пренесуваа ракометна ЛШ. На отворањето на сезоната, европскиот шампион Вардар му гостува како и лани на француски Монпелје а тој меч ќе оди во директен пренос на МРТ.
Тие му пејат: Столе ти си наша икона, а тој во Европа ги претставува како најдобри навивачи меѓу кои вели дека е и самиот тој. Ете така се претставува своето во интервју, покрај се разбира на паркетот каде крвари за Вардар.
Европскиот шампион со убедлив триумф 34-27 го совлада домаќинот на Светското клупско натпрварување „Супер глоуб“, Ал Мадхар, и успешно тргна во поход кон вредниот пехар.
Втората европска титула на македонскиот шампион Вардар мотивира и инспирира секого, па така и извесен Влатко Алексовски кој решил да направи своја верзија на легендарната „Шошана“.
Илија Абутовиќ си замина од Вардар после европската титула во 2017-та и направи трансфер во Рајн Некар, ама ете го назад во Скопје за својата свадба. Се зема со Македонка и ја запеа еднa од омилените песни на навивачите на Вардар.
Како второпласиран во домашното првенство, Еурофарм Работник за следната сезона обезбеди учество во СЕХА лигата. Но тука има еден проблем. Им се отвори многу работа за да ја оправат салата.
Унгарски Веспрем, кој мораше да се поклони пред Вардар во финалето на ЛШ, имаше сосема добра сезона зошто ја освои титулата во домашното првенство и играше финале на Куп. Од клубот твитнаа интересна листа на најсилни удари сезонава. Многу високо котира Деки Манасков.
Во период кога е троа суво со спортски настапи и хит се трансферите, Хрватите пишуваат за новиот лик на европскиот ракометен првак кој го крчка составот за следната сезона.
На помалку од четири недели по епскиот успех на Вардар кој направи чудо и по втор пат ја освои Лигата на шампионите, попладнево во седиштето на ЕХФ во Виена се извлече ждрепката за групната фаза за новата сезона.