Запаметете го името Карим Хендави, кој важи за најдобар голман во Египет. Висок е 188 см и се работи за доста голем темперамент кој не го држи место на клупа. Треба да го ѕирнете видеово за да сфатите колку е импулсивен.
Хендави со селекцијата на Египет има злато на Африканскиот шампионат во 2016-та и 2020-та и е искусен 32 годишен репрезентативец со стаж и во Европа.
Бранеше две сезони за турскиот првак Бешикташ, а последниот клуб за кој настапуваше е Доброгеа Суд од Романија. Знаете ли каде ќе ја продолжи кариерата? Во Еурофарм Пелистер, клубот кој доби големо засилување по заминување на Никола Митревски пред половина година
Информацијата излезе вчера, а неговото претставување е најавено по завршувањето на Светското првенство откако ќе се појави на тренинзите на Жељко Бабиќ.
Инаку репрезентативниот голман на Египет беше мета и на Вардар летото кога се раздели со Страхиња Милиќ кој беше отпуштен поради проблеми со голема тежина.
Неофицијално Бешикташ тогаш за него бараше 300.000 евра, сума која беше неприфатлива за Вардарци.