Откако блеснаа со коментирањето во Келн кога играше Вардар, а потоа дојдоа и на прославата на плоштад, ете ги Стеван и Стретен пак кај нас. Поводот е кампот на Кире Лазаров кој петта година по ред се одржува во Охрид. Арена ТВ е генерален медиумски партнер.
Не помина една година откако го пречекавме австрискиот канцелар со знамето на Латвија и ете ти пак утка и тоа идентична. Овој пат на ракометниот натпревар Македонија - Грција каде правдата ја делеа судии знаете од каде? Австрија :).
Европскиот првак мораше да се оперира и не можеше да им се приклучи на репрезентативните колеги за дуелот против Грција во Струмица. По завршувањето на средбата го прогласи Митревски за играч на мечот, ама на свој начин на Инстаграм.
Растеретено, без притисок, чисто колку да се довршат квалификациите во кои завршивме први. Кире и Гоце по кој знае кој пат го демонстираа најатрактивниот гол во ракометната игра, инаку белег на овие момци.
Откако со 27-23 ја совладаа Грција во Струмица и удрија печат на пласманот на Европско 2020 како првопласирани во групата, најдобрите македонски ракометари сега ќе уживаат во ждрепката на 28 јуни во Виена.
Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.
Во спортот во последно време сме сведоци на луди пресврти и подвизи. Така вечерва ракометната селекција на Летонија, земја во која кошарката е апсолутно спорт број 1, ја совлада Словенија со 25-24 и се пласираше на Европско за првпат во историјата. Најефикасен беше Вардаровиот горостас Даинис Криштопанс со дури 13 гола!
Имаа Турците во последната секунда од мечот шанса да го израмнат резултатот, но фантастичниот Никола Митревски одбрани и ја сочува победата на Македонија која со овој триумф и математички обезбеди пласман на Европско 2020 година кое ќе се игра во три земји.
Македонската ракометна репрезентација победи на гостувањето кај Турција во Ескишехир 26-25 и обезбеди пласман на Европско првенство а има и големи шанси да заврши прва во групата.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Во една од своите сјајни колумни, Борис Дежуловиќ прави осврт на бесмисленоста на хрватската ракометна лига во која неприкосновениот РК Загреб до ден-денешен има 237 победи по ред. Не изгубил од 2007-ма.
Рожерио Мораеш е прогласен за најдобар играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако доби најмногу гласови на гласањето преку апликацијата на ЛШ.
Ако истово важи и за капитен Столе, тогаш дефинитивно вториот играч кој ги заслужува овие епитети е токму тој. Игор Карачиќ, човекот кој изгина за овој дрес 7 години во кои освои 17 трофеи. Играчиште.
До лани беше анонимен, а од 3 јуни има статус на херој и тоа во шампионско друштво со ѕвезди на кои вели дека им се восхитувал на тв. Требаше да му биде замена на Милиќ, а излезе прв голман и јунак кој му одбрани 12 топки на фаворитот број 1 за титулата и тоа само во прво полувреме.
Најслаткото нешто на сето чекање беше кога се појавија со шампионскиот автобус под симболот на триумфот. Е во тој момент ако останеш без батерија на мобилен, шамар си маваш од мака. Многу беше јако, особено кога ти доаѓаат фејс ту фејс.
Секој што решил да не дојде синоќа на плоштад се заебал. Ова се тие ноќи за кои живее градот кој по втор пат во три години блесна во европски сјај. Убавини за душа кои ги сакаме пак и пак и пак.
Ако кажеме во Европа ќе погрешиме, бидејќи Вардар има фанови дури до Мексико каде еден ракометен тим го носи нивното име. Нестварно е ова што го направија овие луѓе. И некако како сите да не сме свесни дека го повторија по само 2 години. Направете им некаков споменик. Сериозно.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Имаме топ 5 листа на најатрактивни голови на Фајнлфорот во Келн. Има убави голови за гледање, ама коментаторот за првиот вели: Добро што доаѓа лето бидејќи ќе ни треба цело тоа време за да сфатиме како му успеа ова.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.