Страхиња Милиќ едвај се движи од дебелина

Еднаш го суспендираа во Вардар со ултиматум да ослабе ако сака пак да брани, па се врати шланг, ама проблемот е што повторно без осет се удри на јадење и следуваше раскин на договорот. Еве го сега во дрес на Партизан. Медвед.

Џамбо му се врати на ракометот и после две години пауза застана на голот на Партизан. Поранешниот српски репрезентативец кој шест години беше дел од Вардар настапи на полуфиналето во српскиот куп против Динамо Врање кое Партизан го загуби со 26:22.

За нешто повеќе од половина час игра имаше 6 одбрани, но никој не се задржа на неговата статистика, туку на неговиот изглед, нетипичен за спортист. „Вишок на килограми“ е најблагата можна форма на израз која може да се употреби за да се опише.

Очигледно е дека Милиќ има проблем во континуитет да ја одржи својата линија. Кога првиот пат во Вардар се здебели повеќе од што треба, се стави на режим за да може да остане во клубот и се врати стопен, но потоа повторно се здебели и во 2018-та му заврши скопската авантура.

Од тогаш беше без клуб и ова му е прв натпревар по пауза од две години. Европскиот првак со Вардар од 2017-та, повеќе од очигледно е дека не водел спортски живот за време на долгата пауза. Велат дека освен проблеми со тежината, немал ниту мотивација за игра.

Во едно интервју изјави:

„Бев тврдоглав и немав ниту желба да се вратам. Не прифатив дека треба да ослабам и раскинав со клубот. Килограмите владееја и мојата рекордна тежина беше 216 кг, но имаше и други проблеми за кои не сакам да зборувам бидејќи сето тоа е минато. Во крајна линија е дека не бев психички силен“.

Како изгледаше Џамбо кога запна и ослабе во Вардар.

Првата одбрана по пауза од две години на која практично целосно го затвора голот со неговиот габарит.

„Агонијата ми траеше две години. Ме мрзеше да одам на тренинг и да се пресоблекувам. Во Скопје бев секаде добродојден и имавме добро договори. Не бев во добри односи со Раул Гонзалес и бев меѓу два огнови. Тренерот не ме сакаше, а Сергеј Самсоненко ме сакаше“, вели Милиќ во неговото најново интервју.

28 септември 2020 - 12:33