Уште од далечната 1999-та кога го забележавме првиот историски настап со легендарната генерација на Пепи Манасков и тогаш 19-годишниот Лазаров, Македонија отвора триумфално.
Во Египет пред 22 години нашите ракометари дебитираа со прва историска победа над Саудиска Арабија 28:21.
Деценија подоцна, во 2009-та, година во која на Светското во Хрватска илјадници македонски навивачи грмеа во Вараждин, стартувавме со пораз од Тунис 24:25.
Во 2013-та во Шпанија му дадовме 30 гола а примивме 28 од Чиле за нова стартна победа на едно Светско првенство. Тунис доби наплата во 2015-та, во Катар, кога на Мундијалот победивме во првиот меч од групната фаза со 33:25.
Тунижаните ги совладавме 34:30 и за убав почеток на светскиот собир во Франција во 2017-та, на последниот планетарен собир, одржан во Германија во 2019, оружјето пред нас го положи Јапонија која што ја добивме со убедливи 38:29.
Оваа серија на победничко отворање на Мундијалите ни трае 12 години (4 Светски првенства). Нека продолжи и вечерва против реномираната Шведска.