Сјајната вест која стигна во вторник попладне дека Македонија ќе игра на Мундијалот наместо Чешка која принудно го откажа учеството поради голем број позитивни случаи, доаѓа паралелно со природниот процес на освежување на нашиот ракометен тим.
Во Египет од заслужните ветерани ќе играат: капитенот Лазаров, кој ќе има нова шанса уште поцврсто да го забетонира првото место на вечната листа најдобри стрелци на Светски првенства, Столе Стоилов, како и стандардните Никола Маркоски и Жарко Пешевски.
Уште од минатата година селекторот Брестовац им даваше шанса на новајлиите кои допрва треба да ја бранат честа на македонскиот ракомет.
На Светското нема да играат: Дејан Манасков кој во изминатиот период не тренираше, ниту настапи на генералните средби со Чиле во Скопје, Борко Ристовски кој веќе пар месеци не е во репрезентацијата, Гоце Георгиевски кој пријавил физичка неподготвеност по прележан коронавирус.
Македонија ќе игра со дури 7 дебитанти на едно големо натпреварување: Мартин Томовски, Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Дарко Георгиевски и Михајло Младеновиќ.
ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид)
ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитроски (Вардар), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)
ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски (Амичитија Цирих), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер), Михајло Младеновиќ (Металург)
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Фочани)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург)
ПИВОТИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Штутгарт)