Досега рекордот за најмногу дадени погодоци го држеа Норвешка, Шведска и Франција кои досега имаа највисоки триумфи со по 42 постигнати голови.
Французите притоа израмнија еден друг рекорд - триумф обележан со 20 гола разлика. Ова е најголема победа во историјата на Европските првенства.
Пораз со 20 гола разлика во 1998-ма претрпе Македонија од Чешка (38-28) на Европското првенство на кое црвено-жолтите дебитираа на континенталните собори.
Интересно, ова е втор ден како се урива рекорд или поставува нов на Европско првенство.
Во петокот Словенија и Црна Гора одиграа спектакуларен натпревар кој заврши 41-40 за Словенците и ова е најефикасен дуел во историјата на Европските првенства!