Сте го виделе ли ракометниот Ламин Јамал?

Младиот Маркос Фис со само 18 години ја зачуди ракометна Европа. Тој дебитираше на Европско првенство за Шпанија на дуелот со Србија и со три гола уште во првиот дел најави каков играч доаѓа на светска сцена. Шпанецот Јан Тафета со шест гола беше прв стрелец кај Шпанците кои победија 29:27, но Маркос Фис го украде вниманието на јавноста.

Тој е роден на 1-ви април 2007-ма година, има 18 години и игра десен бек. 

Фис на 18 години е висок дури 192 сантиметри со голема можност уште повеќе да се извиши. Игра за шпански Гранољерс. Интересно одличен ракометар и репрезентативец беше и неговиот татко, корпулентниот Хулио Фис. Тој синоќа го следеше дебито на неговиот син на Европски првенства на дуелот со Србија.

Хулио Фис е роден Кубанец, роден во злогласниот Гвантанамо. Играше лев бек а по настапите во Куба тој се пресели и играше во Унарија, па во Шпанија за Бидасоу, Сиудад Реал, Ваљадолид и Логроњо.

Во еден момент од својата кариера ги искористи бесмислените правила на ЕХФ па по настапите за татковината Куба, се реши да смени спортско државјанство и заигра за Шпанија.

Via

16 јануари 2026 - 11:02