Неверојатните одбрани на младиот Иван Галевски - фати 5 пенали против АЕК

Грчки АЕК имаше спремно сè за да јуриша кон пехарот во Европскиот Куп на ЕХФ, трето по ранг натпреварување во европскиот ракомет. Цела сезона играат пред преполна сала со френетични навивачи а така беше и вечерва во првиот натпревар од финалето на споменатиот турнир. Ама дојдоа младите ракометари предводени од селекторот Лазаров и направија дар-мар. Славеа историска победа а јунак на мечот е голманот Иван Галевски.

21-годишниот голман Иван Галевски одбрани дури пет пенали, а при една одбрана бурно прослави и ги вжешти домашните навивачи кои фрлаа предмети од трибините:

 

 

Голема победа на Алкалоид среде Атина пред 9.000 жестоки навивачи

18 мај 2025 - 20:27