Со денешните шест натпревари, по два во групите А, Б и Ц, ќе се комплетира првата групна фаза на Европското во ракомет и веќе утре стартуваат битките во втората рунда.
Не се воопшто добри статистичките бројки за нас од првите две кола и на нив мора да се работи многу, затоа што се недозволиви во толкава мера на едно вакво натпреварување.
Нашите ракометари имаат изгубено дури 46 топки против Франција и Германија или во просек по 23 на натпревар и ниту една селекцијата не е ни приближно лошо како нашата според овој параметар.
Дебитантот Грузија губи 15 топки по натпревар, а Грците по 14, додека најдобра според оваа статистика е Данска со 6 во просек.
Светските прваци се и најефикасни до сега, заедно со Шведска со по 100 гола.
А имаат остварено и најмногу голмански интервенции.