Делириумот пред Јане Сандански

Без разлика на исходот од Келн, за најверните навивачи на Вардар овие ракометари се шампиони и херои. ЕХФ пред стартот на сезоната не ги стави ниту во топ 10, а тие влегоа во големата четворка заедно со Барселона, Веспрем и Кјелце.

Околу 500 навивачи на Вардар ги пречекаа своите миленици кои трета година по ред ќе патуваат на фајнлфорот во Келн. Не беа фаворити ниту за топ 10, но тие ги минаа и двете пречки во нокаут фазата и на 1 јуни повторно ќе ги гледаме на завршниот турнир во Келн.

Овој тим го нема истиот ростер од шампионската 2017-ма, но повеќе од јасно и евидентно е дека одиграа со срце и муда за да докажат дека можат. Затоа и заслужија ваков убав пречек.

7 мај 2019 - 09:44