Навивачи

Во Бастија (не) се почитува Марсејеза

Иако навивачите на францускиот прволигаш на дербито против Ажаксио минатата недела останале надвор од стадионот при интонирање на државната химна, затоа што како што велат таа химна не им припаѓа нив, остатокот од стадионот со аплауз ја испрати интонацијата.

Јаја Коло Туре на Олд Трафорд

Навивачите на ПСВ Ајндховен презадоволни со бод заминаа од Манчестер вечерва. Додека чекаа да се испразни Олд Трафорд ја запеаа песната за Коло и Јаја Туре со сè кореографија.

Што може дете од 11 години да направи за својот клуб

Аргентинскиот второлигаш побара помош од своите навивачи за да им даде плата на играчите, а прв со помош се јави едно дете на кое му беше роденден.

Турците имаат објаснување зошто свиреле на молкот за жртвите од Париз

По пар пијани навивачи на БиХ кои во Даблин го прекинуваа 1-минутниот молк, синоќа на пријателската меѓу Турција и Грција во Истанбул, домашните навивачи громогласно го исвиреа 1-минутниот молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Париз.

Босанските навивачи го прекинаа едно минутното молчење

По ремито 1:1 на првиот дуел, Ирска со 2:0 ја совлада БиХ на реванш средбата од плејофот за Европското првенство и обезбеди пласман во Франција. Гостинските навивачи не ги испочитуваа до крај жртвите од терористичките напади во Париз.

Колумбиски шверцери на гостување во Чиле

Група колумбијски навивачи тргнале на гостување во Чиле кога полицијата во нивните автобуси пронашла 575 килограми кокаин. Возачите и дел од патниците се уапсени.

Водач уште од мали нозе

Одиш во школо, им го пушташ видеово на другарите во клас и им покажуваш како се води навивачка група. Снимката е по лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем кое заврши 1:1, а малиот почнува да пее за Кристијан Ериксен.

Најјакиот навивач во Лига Европа

Борусија Дортмунд ја совлада Габала со 4:0, а гостите имаа поддршка од еден цар кој патувал 4.000 км од Азербејџан до Германија за да ги бодри своите.

Делије и Бед Блу Бојс се најдоа во Атина

По тродневно барање по улиците на Атина, каде грчката полиција уапсила преку 100 навивачи на Олимпијакос, Динамо Загреб, Панатинаикос и Црвена звезда, Хрватите и Србите претпладнево се сретнале во близина на атинскиот аеродром по што избила голема тепачка.

Навивачот кој отиде во веце на Сан Сиро се врати дома по 11 години

На 25 август 2004 година Интер го пречека Базел во реванш квалификациската средба за ЛШ, а еден од гостинските навивачи доживеа чудна судбина и остана клошар низ улиците во Милано.

Навивачка пресметка во Севиља

Откако минатата недела се судрија со полските навивачи во Манчестер, хулиганите на Севиља синоќа нападнале симпатизери на Манчестер Сити во пресрет на дуелот на овие два тима во Лигата на шампиони вечерва.

Со Гробари да немаш работа

Нивниот тим игра под секое ниво, заостанува 19 бодови зад најголемиот ривал па на Гробарите не им преостана ништо друго освен да го задеваат помошниот линиски судија кој го испрскаа со вода.

Лукавоста на Торцида Сплит

Најстарата организирана навивачка група во Европа викендов го прослави 65. роденден со кореографија и многу бакљи кои ги внесоа на досетлив и ризичен начин.

Оригиналност на ултрасите на Лацио

Навивачите на Рома и Лацио веќе два месеци водат борба против градските власти и полицијата кои решија со разни градежни материјали да им ги поделат трибините, наводно за поголема безбедност.

Бебешки навивачки инстинкт

Уште не оди, не збори и моча во пелени, а веќе знае како да реагира која ќе ја слушне омилената навивачка песна на татко му со кој изгледа дека за брзо време ќе оди на стадион на натпреварите на Нотинген Форест.

Расизам на Динамо Киев - Челси

Украинскиот Динамо Киев се соочува со драконска казна од УЕФА, откако се објави видео на кое се гледа како домашните навивачи најпрвин навредуваат па потоа тепаат црни навивачи на Челси на трибините.

Хулиганско памти па врати

Навивачите на полскиот Шлонск Вроцлав отпатувале дури до Манчестер за да се судрат со навивачите на Севиља, која играше дуел од ЛШ против Сити.

Без навивачи фудбалот не вреди пет пари

Навивачите на Баерн Минхен протестираа против скапите карти пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите и добија огромна поддршка од домашната публика.

Љубовно писмо од навивач на Њукасл до Митровиќ

На навивачки форум се појави емотивно писмо на навивач на Њукасл кој дефинитивно ужива и се возбудува кога го гледа српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ.

Македонец го реши дербито на Пловдив

Второто најголемо дерби во Бугарија меѓу Локомотив Пловдив и Ботев Пловдив заврши со победа на домаќините од 2:0, а најдобар играч на мечот беше нашиот Зоран Балдовалиев кој постигна еден од двата гола за Локо. После мечот навивачите на Ботев се степаа со полицијата.

Арсенал прави лажна математика со навивачите

Топџиите минатата сезона на еден натпревар објавиле дека на Емирати имало 5.184 навивачи повеќе од реалната бројка.

Уапсен Албанецот со дронот, носел пиштол Застава без дозвола

Речиси една година помина од дуелот Србија - Албанија кој беше прекинат по инцидентот со дронот, а ден пред реваншот во Елбасан, албанските власти во Тирана го уапсиле Исмаил Морина кој имал карта за мечот, но и пиштол без дозвола како и 30 влезници за мечот.

Бугарско - Неаполско братство

На навивачите ширум Европа им е својствено да се збратимуваат од повеќе основи. Некои за вера, религија, некој од идеолошки побуди, а некои едноставно поради истите бои и добрите дружби. Навивачите на бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив повеќе од 10 години се во блиски односи со Неаполитанците, и ја искористија синоќешната прилика да го гледаат дуелот од Лига Европа меѓу Легија Варшава и Наполи.

Со што ги фатија навивачите на Сент Етјен во Рим?

Петмина навивачи на Сент Етјен синоќа беа уапсени пред средбата од ЛЕ против Лацио. Добро и што не влегоа на Олимпико со оглед на тоа што планирале да го внесат.