
Меѓу подобрите поединци на дербито во вториот по големина бугарски град беше и Ванчо Трајанов, поранешниот македонски репрезентативец кој се прослави со ефектниот гол против Англија на гости кога ремизиравме 2-2.
Локомотив го доби дербито со головите на поранешниот фудбалер на Беласица, Зоран Балдовалиев во 14-та минута (четврти гол сезонава) и Мартин Камбуров три минути подоцна. Гостите само го намалија резултатот преку капитенот Јордан Христов во 49. минута.
Инаку мечот на стадионот Лаута го гледаше и легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи а после дербито, на улиците на Пловдив се судриле полицијата и навивачите на Ботев.
Головите од мечот:
Атмосферата на дербито:
Навивачите на Ботев после мечот бесот го искалија врз полицијата: