Навивачите на Ботев од Пловдив синоќа тргнале на пат преку Македонија кон Тирана каде вечерва нивниот клуб игра во првото квалификациско коло против Партизани. Уште на граничниот премин Деве Баир направиле хаос, оние кои ја поминале границата со спрејови пишувале ’Македонија е Бугарија’, а македонската полиција ги депортирала најпроблематичните кои два часа го блокирале магистралниот пат Крива Паланка - Куманово. На крајот, оние кои стигнале во Тирана се тепале со локалните симпатизери.