Бугарски навивачи ја отворија „сезоната на инциденти“

Навивачите на Ботев од Пловдив синоќа тргнале на пат преку Македонија кон Тирана каде вечерва нивниот клуб игра во првото квалификациско коло против Партизани. Уште на граничниот премин Деве Баир направиле хаос, оние кои ја поминале границата со спрејови пишувале ’Македонија е Бугарија’, а македонската полиција ги депортирала најпроблематичните кои два часа го блокирале магистралниот пат Крива Паланка - Куманово. На крајот, оние кои стигнале во Тирана се тепале со локалните симпатизери.

150 навивачи на Партизани Тирана ја нападнале групата од 50-ина бугарски навивачи:

Натписи на обиколницата кај Крива Паланка

 


29 јуни 2017 - 16:45