Зошто Западот стално го куди Истокот, па макар и преку фудбал

Јирген Клоп како да го запали шкорчето во сноп сено со изјавата дека е неодговорно од УЕФА што едно големо финале на Лига Европа ставила во Баку до каде е многу тешко да се стигне по алтернативен начин. Еден народен писател од Баку му одговори.

До финалето на Лига Европа во Баку останаа уште две недели, но дискусиите за локацијата каде што ќе се игра мечот не престануваат. Навивачите на Арсенал и Челси се револтирани што се игра во недостапниот главен град на Азербејџан.

Целата приказна почна со Јирген Клоп, кој изјави дека мечот во Баку е неодговорна одлука, затоа што не е јасно како ќе се стигне до таму. УЕФА од своја страна на двата англиски клуба им подели по 13.000 билети.

Дополнително целата ситуација ја замрси и препораката за туристи на сајтот на британското Министерство за надворешни работи - таму стоело за потенцијално-можни терористички напади во Баку и за тоа колку е опасно да се излезе на улиците во градот навечер.

Освен тоа, на финалето нема да може да допатува ни Хенрих Мхитарјан кој е Ерменец и неговата земја е во мошне затегнати односи со Азербејџан. Министерсвото за надворешни работи на Азербејџан гарантирало за фудбалерот, но Арсенал ќе го остави дома поради безбедност.

Клубот од северен лондон во средата излезе со официјално соопштение:

„Ние имаме 45.000 сопственици на сезонски карти и не е во ред што многу од нив ќе го пропуштат најголемиот меч на сезоната само поради тоа што УЕФА за домаќин избра град со многу ниска транспортна достапност.

Ние добивме многу жалби од своите навивачи и во целост ги разбираме. Во име на нашите навивачи бараме објаснување, како се бираат местата за финале и зошто притоа не се уважуваат желбите на навивачите

Освен тоа, бараме гаранции од УЕФА, дека логистиката и барањата на гледачите ќе бидат од клучна важност за идните одлуки за местата на одигрување на финалето, затоа што тоа што се случи сезонава е непримерено и не треба да се повтори.

Ќе бидеме радосни да учествувавме во идните дискусии, со цел да се избегнат такви ситуации“.

НЕ ИМ Е ПРВПАТ НА АНГЛИЧАНИТЕ ДА ГО КУДАТ ИСТОКОТ

Ваквиот груб став на англиските медиуми и општо тамошната јавност не е непознат.

Кога се дозна дека Европското 2012 година ќе се игра во Украина, островјаните пишуваа популистички цитати како таму ги чекаат нацисти, расисти и слично.

За финалето на Лига на шампиони во Киев тврдеа дека е ужасен и кошмарен избор поради цените за сместување кои ги набиле хотелиерите. Па уште Светско во Русија и Катар?! Тоа беше за Англичаните скандалозно.

Британските медиуми пред почетокот на Мундијалот 2018 во Русија пишуваа буквално се и сешто. Толку беа сурови што тврдеа дека жените во Англија со солзи се поздравувале со своите мажи кои нема да се вратат од Русија итн.

На крајот Светското во Русија беше најдобро организирано во историјата, без ниту еден најмал инцидент, а Англичаните беа презадоволни од пречекот во Волгоград, Нижни Новгород и Калининград.

ШТО Е СО КАРТИТЕ ЗА МЕЧОТ АРСЕНАЛ - ЧЕЛСИ?

Најголем проблем на Англичаните, покрај превозот до Баку, им е и распределбата на влезници за финалето. УЕФА на Арсенал и Челси им даде по 6.000 билети за нивните навивачи. Во отворена продажба уште од февруари имаше 37.000 карти и многу од нив сега се препродаваат за околу 60 фунти од билет.

Останатите 14.000 влезници ќе одат за тн. „фудбалско семејство“: месниот организациски комитет, националните федерации, спонзорите, новинарите.

За споредба: на минатогодишното финале на Лига на шампиони во Киев, навивачите на Ливерпул добија околу 16.000 карти, иако според неофицијални информации во Украина допатувале околу 40.000 скаузери, односно на мечот влегле помалку од половина од реално пристигнатите во Киев.

Минатата година за финалето на Лига Европа во Лион, од 57.000 места на стадионот, 23.000 гледачи влегле со влезници купени во слободна продажба, а навивачите на Атлетико Мадрид и Марсеј добиле по нешто помалку од 10.000 преку клубовите.

Една година претходно, навивачите на Манчестер Јунајтед и Ајакс купија по 9.500 влезници за 50-илјадната „Френдс Арена“ во Стокхолм. 17.000 карти биле продавани во слободна продажба за целиот свет. Англичани во Шведска дошле околу 20.000 и пола од нив останале без карти.

Дали во Баку сега ќе дојдат по 10.000 навивачи на Арсенал и Челси?

ДАЛИ СТВАРНО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ СТИГНЕ ОД ЛОНДОН ДО БАКУ?

Во обично време директен лет до Баку од Лондон има со Азербејџанските авио-компании за 500 фунти повратна карта. Други варијанти се преку Москва или Киев и тука може да се заштеди 260 фунти.

Уште подобра варијанта според некои е авион од Лондон до главниот град на Грузија Тбилиси (300-500 фунти повратна карта) и после со воз до Баку (10-15 фунти во правец). Други варијанти за сега нема. Најскапата опција е со преседување во Истанбул и таа чини 1.500 фунти повратна карта но со 8-9 часа во правец.

Наједноставно гостување за навивачите кои купиле карти за финалето, организирал Арсенал. Заедно со туристичката агенција Thomas Cook, клубот нуди понуда чартер лет Лондон-Баку и трансфер до стадионот и назад на аеродром за 979 фунти. Па „ко воли нек изволи“.

Многу навивачи се разочарани и што мечот е закажан за среда. Многу навивачи ќе го напуштат Лондон во понеделник, а ќе се вратат дури за викенд поради што ќе мора да бараат цела слободна недела од работа.

Што се однеува до оние најлудите варијанти со автомобил - далечината е 4.500 километри: преку Белгија, Холандија, Франција, Германија, Полска, Украина и Русија. Патот вака трае околу 59 часа (непресметани паузи и време за граници).

BBC му предложил план на патување на 20-годишниот Алекс Спек-Золте кој е ријалити-шоу ѕвезда во Британија.

Неговата маршрута изгледа вака:

- Автобус Лондон - Дизелдроф (11 чпаса, 30 фунти карта)
- Автобус или воз Дизелдорф - Будимпешта (19/12 часа и 28/160 фунти)
- Автобус Солун - Тбилиси (24 часа, 24 фунти)
- Автобус/воз Тбилиси - Баку (8/15 часа, 5/13 фунти)

Ова е отприлика 86 часа на пат и 220 фунти само на превоз без храна и пијалаци.

ШТО МИСЛИ ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО БАКУ?

На две недели пред епскиот меч меѓу два клуба од ист град, во Баку има поволни варијанти за престој: на Booking.com има многу пристапни хостели (за 5-10 фунти кревет), а на денот на финалето има и добри хотели со цени под 100 фунти од вечер за соба за двајца.

Преку Airbnb домашни жители нудат приватен смештај за 10-20 фунти од вечер. Оние кои го познаваат гостпримството на Азербејџанците тврдат дека гостите и ќе заминат сити и најадени.

ШТО ВЕЛИ ОФИЦИЈАЛЕН АЗЕРБЕЈЏАН?

Шефот на прес-службата на Азербејџанското МНР Лејла Абдулаева вели: „Во Баку се одиграа првите Европски Игри, четвртите Исламски игри на солидарност, секоја година организираме Гран при на Азербејџан во Формула 1, а сме организирале и фудбалски меч Карабах - Челси кој се играше во 2017 година во рамките на Лига на шампиони. Странците кои дојдоа во земјата беа презадоволни од организацијата и приемот и се уверија дека Азербејџан е стабилна и безопасна средина“.

Во Баку од март годинава игра и легендарниот Микаел Есиен кој се прослави токму во Челси. Есиен потпиша со клубот Сабаил од Баку.

„Живеам во Баку неколку месеци и за сега се е одлично. Дојдете во Баку: ќе доручкуваме наутро, ќе одиме на финалето на Лига европа вечерта“, рекол Есион кој ставил видео со хаштаг „сакам бакински појадок“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#LoveBakuBreakfast

A post shared by Michael Essien® (@michaelessien) on

Интересно, финалето на Лига Европа за следната 2019/2020 ќе се игра во полски Гдањск, а финалето на Лига на шампиони во Истанбул.