Жестока тепачка во Сплит меѓу Торцида и Бојси

Во пресрет на најголемото хрватско дерби Хајдук - Динамо Загреб кое се игра попладнево од 16:00 часот, во населбата Пујанка во Сплит избила голема, масовна и договорена тепачка меѓу Торцида Сплит и Бед Блу Бојс. Загрепчаните биле далеку помалку бројни од Торцида а во тепачката не се користело никакво студено оружје, пренесуваат хрватските медиуми. Тамошната полиција соопшти дека се уапсени повеќе од 140 лица а повредени се 8 навивачи од кои двајца потешко. Тепачката избила рано во 9 часот изутрина.

Имаше и ситуација кога припадник на Торцида бега со лисици на раце, а полицаец под опрема не може да го сопре. Иако по интернет во коментари му се потсмеваат, се испоставило дека полицаецот имал неколку операции на колената пишува Јутарњи:

 

3 мај 2025 - 15:23