Во луда завршница, во последното коло од грчката Суперлига, ПАОК влезе прв со 77 бода пред АЕК Атина кој имаше 75 бода. На Солунците им требаше победа на гости кај градскиот ривал Арис. Водеа 1-2 и со играч помалку од 78 минута успеаа да издржат, да победат и да слават титула со своите навивачи кои на „Тумба“ го следеле дербито на видео бим. Титулата се враќа во Солун а досега шампион беше АЕК.