Почнува со маалото во кое се сместил, а потоа влегува во музејот на Милан, каде може да видите дресови стари 50 години, пехари па сè до хеликоптерот на Берлускони.
Сретнува и член на македонскиот фан клуб на Милан на кој му прави интервју пред стадион. Прави неколку кадри и од ланџ барот на Сан Сиро. Атмосферата на трибини е фантастична. Го фаќа и голот на Диаз.