Пред почеток на мечот голем број навивачи на Лацио од трибина Тевере се доближиле до навивачката трибина на Рома Курва Суд и започна меѓусебно гаѓање со бакљи, петарди и разни други предмети.
Инцидентите траеја неколку минути додека не реагираше полицијата и редарските служби а и Жозе Мурињо кој од тифозите на Рома барал да ги смират тензиите и да не фрлаат бакљи.
На теренот како и секогаш изобилие прекршоци, жестоки дуели и тензија. Лацијалите го отворија резултатот со голот на Ѕакањи од пенал во 51’ минута и тоа беше единствен погодок на мечот:
Рома се обидуваше да израмни но сите обиди на Лукаку беа спречени од одбраната и голманот на Лацио. На крајот кулминираше тензијата па пред последната судиска свирка за крај, црвени картон оправдано добија Манчини и Азмун од Рома и Педро од Лацио.