Интересна сценографија во белградска Арена

На кошаркарското дерби во Евролига меѓу Црвена звезда и Партизан, навивачите на црвено-белите иронично направија сценографија на сметка на ривалските навивачи. Имено пред извесно време во навивачките кулоари кружеа аудио пораки на кои се слушаат откриени разговори на навивач на Партизан од позната подгрупа, со навивач на Хајдук Сплит од подгрупа во Загреб во кои си разменуваат податоци, информации, детали од работата на групите и сл.

Од таа причина навивачите на Црвена звезда пред натпреварот саркастично пуштија една романтична песна и извадија неколку „пригодни“ пароли на сметка на „Гробарите“ меѓу кои и една љубовна од цртаниот филм „101 Далматинец“:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BUTASPORT.RS (@butasport.rs)

На крајот Партизан предводен од своите први ѕвезди Карлинг Џонс кој постигна 26 поени и Стерлинг Браун кој додаде 22 поени, славеше победа над ривалот на кого овој натпревар му беше од исклучителна важност за пласман понатаму во Евролига. Партизан веќе одамна нема шанси за разигрување понатаму а црвено-белите ќе ги чека тешка завршница во која не зависат само од себе туку и од резултатите на другите конкуренти за позиција од 7-мо до 10-то место.

 

3 април 2026 - 10:37