Им пуштиле музика да ги стишат, тие направиле журка

Звучи чудно, но Ред Бул Салцбург веќе пар сезони е далеку од тронот во Австрија. Како доскорешен хегемон во тамошната Бундеслига кој палеше и жареше, РБ Салцбург освои еден куп шампионски титули и трофеи во Купот. Ама сезонава тешко да обезбедат место и во еврокуп што е рамно на чудо. Штурм Грац и Австрија Виена се борат за шампионската титула. Во моментов имаат по 33 бода на прво и второ место а Австрија Виена го добила директниот дуел во неделата.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Поради тоа што домаќинот Штурм Грац го изгубил дербито од Австрија Виена, на крај пуштил гласна музика за да ги спречи гостинските навивачи да слават голема победа. Тие си направиле журка со својата екипа:

29 април 2025 - 10:38