Danke Xabi Alonso!

Баер Леверкузен одигра неколку историски сезони под водство на некогашниот фудбалер на Реал Сосиедад, Баерн Минхен, Ливерпул и Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Шпанецот во Леверкузен ја донесе првата и долго сонувана шампионска титула во сезоната 2023/2024. Освои и Куп на Германија за голема радост на навивачите а стигна и до финале на Лига Европа каде изгуби од Аталанта.

Сезонава Баер Леверкузен не успеа да ја одбрани титулата во Бундеслига но долго време се бореше со поскапиот и поголем Баерн Минхен. Баер на коло пред крај сигурно е втор и ќе оди директно во Лига на шампиони.

По крајот на мечот Баер Леверкузен - Борусија Дортмунд (2:4) во неделата, тренерот Чаби Алонсо отиде на трибината зад голот каде се најгласните навивачи, со цел да се прости со нив зошто на крајот од сезонава заминува и оди во Реал Мадрид со кој наводно потпишал договор до 2028-ма година.

Цел стадион громогласно го скандираше неговото име „Чаби, Чаби“:

 

12 мај 2025 - 12:08