Бакљада во Гостивар во чест на фан клубот на Бешикташ

Најстраствените навивачи кои дишат со Бешикташ, а живеат во Македонија се наоѓаат во Гостивар каде на спектакуларен начин беше отворен нивниот официјален фан клуб.

„Бешикташ ЈК Македонија“ е називот на првиот официјален фан клуб на турскиот гигант во Македонија.
 
Седиштето во кое преовладуваат црната и белата боја кои се белег на клубот се наоѓа во Гостивар од каде сите навивачи на Бешикташ ќе може да ги следат натпреварите.
 
Отворањето помина со навивачки песни, коктел, говор на организаторите, како и бакљи без кои не поминува едно турско дерби.
 
Официјални фан клубови во Македонија имаат и македонските навивачи на Реал Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Баерн Минхен...

Машала, машала добра забава и лапачка имало. Нека им е со среќа.

Имаат и сајт, ама само на турски

27 март 2018 - 10:57