Во англиската престолнина во неделата и понеделникот имало неколку судири во кои подебелиот крај го извлекле демонстрантите кои бараат солидарност и ја поддржаа глобалната акција која проистекна од САД Black Lives Matters.
Организацијата „Демократска Алијанса на фудбалски навивачи“ (Football Lads Alliance) е основана во 2017-та година и е составена претежно од десничари и оние на кои расизмот и борбата против мигрантите им е блиска (претежно навивачи од Сандерленд, Јоркшир, Вест Мидлендс и Источна Англија). Основани се по терористичките напади во Манчестер и Лондон.
Во оваа асоцијација има членови на навивачи на англиските клубови. Тие се организирале воглавно против муслиманското население во Англија. Пред неколку дена во Лондон група хулигани кои се декларирале како навивачи на Вест Хем нападнала и претепала група црномурни сограѓани.
Поединци како ултра-десничарот Томи Робинсон повикале на следен собир за претстојнава сабота во Лондон, каде голем собир планираат и анти-фашистичките организации и пред сè BLM (Black Lives Matters). Десничарите решиле да организираат собир поради како што велат „скврнавењето на спомениците на британските херои од Втора Светска војна“. Во Англија било објавено видео како во Вестминстер бил ишаран споменикот на Винстон Черчил.
Неколку студенти од Оксфорд барале да се отстрани статуата на Сесил Родс, империјалист и колонизатор од 19 век.
Ова доаѓа откако прво во Белгија, во градот Антверпен беше вандализиран голем споменик на кралот Леополд кој се смета за еден од основоположниците на расизмот и робовладетелството (во ДР Конго под негова власт биле убиени и малтретирани многу Африканци). Градските власти во Антверпен решиле да ја тргнат статуата за да нема повеќе инциденти.
Овој пример со уривање споменици и статуи од контроверзни личности од Првата и Втора Светска војна Антифа го следи во неколку други земји.