Зидан на чекор од враќање
15 декември 2025
- Фабрицио Роман пишува дека легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан, е на прагот да се врати на тренерска клупа но не во клупски фудбал туку во репрезентативен.
- Наводно Зидан постигнал договор да ја преземе Франција и се чека само прав момент за тоа. Зизу, некогаш најдобар светски фудбалер остави голема трага како играч но и како тренер на Реал Мадрид кому му донесе многу трофеи во Лига на шампиони, Ла Лига, Суперкуп УЕФА, Копа дел Реј итн, одамна е прв фаворит за наследник на Дидие Дешан. Францускиот фудбалски сојуз го гледа Зидан како природен избор за новиот циклус на националниот тим на Франција.
- Зидан од збогувањето со Реал Мадрид во 2021-ва е без ангажман, одбил бројни понуди и трпеливо го чека повикот кој го смета за идеално продолжување на кариерата.