- На еден автопат кој ги спојува Бело Хоризонте и Сао Пауло во Бразил, случајно се сретнале десетина автобуси со навивачи на Крузеиро и десетина автобуси со навивачи на Палмеираш. Навивачите веднаш излегле од автобусите и настанал хаос.
- Од целиот хаос тешко повредени биле десетина навивачи, а властите во државата отвориле истрага.
- Во Јужна Америка е познато огромното насилство на и надвор од стадионите, а неретко се губат и животи во бесмислени навивачки пресметки.
- Палмеирас и Крузеиро се стари, децениски ривли. Во моментов во различни лиги, Палмеираш е прв во најдобрата лига Серија А со дури девет бода предност од вториот Флуминенсе, а Крузеиро е прв во втората лига Серија Б со 18 бода повеќе од второпласираниот и сигурно ќе се врати во елитата.
- Легендарниот напаѓач на Интер, почина на 83-годишна возраст. Целата кариера му ја посвети на клубот од Милано каде запиша 417 настапи и 116 гола во 17 сезони (1960-1977).
- Сметан е за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Освои 4 титули во Серија А и по две во Купот на шампионите и Интерконтиненталниот Куп. Една сезона бил и најдобар стрелец во Серија А.
- За Италија одигра 70 меча, постигна 22 гола и стана европски првак во 1968-ма. Стана и финалист на СП 1970, но загуби од Бразил на Пеле. Во 1971-ва беше втор во изборот на Златна топка.
- Првиот човек на фан-клубот навивачи на Реал Мадрид од шпанската ексклава Сеута (градче кај Мароко кое и припаѓа на Шпанија), изјавил дека биле разочарани од тоа што фудбалерите на Реал Ибраима Конате, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор ги сокриле натписите за поддршка на Сеута на маиците пред натпреварот со Елче (2:3).
- Се појави видео на кое Винисиус му покажува на Мбапе како да ја свитка маицата за да не се гледа натписот за поддршка на жителите на Сеута. Таканаречената Пења Мадридиста Сеута брои околу 120 членови и е основана во далечната 1987-ма година.
- Овој град се најде на страшен удар на имигрантски наплив при крајот на јули кога преку 70.000 имигранти насилно влегоа или се обидоа да влезат во Сеута, па оттаму да тргнат за Шпанија. Оттогаш досега се случиле бројни кривични дела меѓу кои и силувања на малолетнии девојчиња од страна на имигрантите кои се судрија и со полицијата.
- „Бевме изненадени кога ги видовме кадрите од подтрибинскиот простор и видовме како сите играчи ги облекуваат маиците со натпис за поддршка на нашиот град. Но потоа приметивме како тројца играчи на Реал ги виткаат маиците за да не го прикажат самиот натпис. Помисливме: 'Значи нема поддршка'. Ни беше многу криво особено што тоа се играчи на нашиот Реал. Колку што сфатив, Мбапе кажал и дека иако тој сочуствува со нашата ситуација, исто е солидарен и со мигрантите и затоа не ја облекол маицата. Ако имаш маичка за поддршка на Сеута, не ја соблекувај, а утре или на следниот натпревар облечи некоја во поддршка на мигрантите. Просто е“, му порачал на Мбапе првиот човек на фан-клубот на Реал Мадрид од Сеута.