Ждрепка за Куп: Две скопско-битолски средби во полуфиналето
27 април 2022
- Во просториите на РФМ денес се одржа ждрепка за завршница на Купот на Македонија која ќе се одржува во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
- Актуелниот шампион и бранителот на пехарот во Купот, Вардар 1961 во полуфиналето ќе игра со Еурофарм Пелистер 2, а во второто полуфинале ќе се соочат Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер.
- Завршницата е предвидена за 13 до 15 мај. Полуфиналните дуели се закажани за петок (13 мај), првото полуфинале од 17 часот а второто во 20 часот.
- Можно е големо финале меѓу најголемите ривали за титулата, РК Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.