- Англиските медиуми синоќа пренесуваа вест дека поради згуснатиот и проширен календар на УЕФА со експанзија од неколку турнири, англиската фудбалска асоцијација (ФА) планира да ја укине вековната традиција за фудбал вечерта по најголемиот христијански празник Божиќ.
- Уште не е донесена конечна одлука но веќе се оди во таа насока, пишува Дејли Мејл. Можно е најверојатно да се игра само еден натпревар а тој натпревар би бил Манчестер Јунајтед - Њукасл закажан за 27. декември. Другите натпревари исто би биле во проширено коло на 2-3 дена после Божиќ од 27-ми до 29-ти декември.
- Првиот натпревар за Божиќ се играл во 1888 година и се играло до 1965-та. Последен пат помалку од три натпревари за Боксинг деј имало смо во 1982-ра година.
- Голема трагедија во Шпанија денес ја потресе Европа откако два воза се судриле директно при што настрадале најмалку 30 лица а 179 се повредени. Поради тоа сите јавни настани во земјата се одложени.
- Шпанската кралска фудбалска федерација ги одложила сите натпревари од Купот на Кралот. Во раната фаза вечерва и утре требаше да се одиграат повеќе натпревари меѓу кои и оној на Валенсија на нашиот Столе Димитриевски.
- Трагедијата настанала поради човечка грешка, откако сервисер на железницата не сигнализирал според правилата дека на шините веќе има друг воз.
- Селекторот ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список за стартот на квалификациите за ЕП 2028 година, кое ќе се одржи во Швајцарија, Португалија и Шпанија.
- Од повиканите 18 ракометари, само двајца настапуваат во странство – голманот Томовски (Битигхајм) и левиот бек Хориха (ПИК Сегед). Останатите 16 репрезентативци доаѓаат од македонските клубови. Десет ракометари се од Алкалоид, четворица од Пелистер и двајца од Вардар.
- Првиот меч е закажан против селекцијата на Луксембург на 4 ноември (19 часот) во Скопје, додека четири дена подоцна (8 ноември), македонските ракометари ќе гостуваат кај репрезентацијата на Грција (16 часот) во Халкида.