- По долго и тешко боледување, на 74 години почина легендарниот хрватски кошаркар Дамир Шолман.
- Почна во Младост Загреб, но речиси цела кариера ја мина во Југопластика каде стана најдобар поентер во историјата со 5.783 поени и стана двократен првак на Југославија, три пати освојувач на Купот, а два пати славеше и во Куп Корач.
- Шолман одигра над 200 натпревари за Југославија со која стана два пати европски (1973, 1975) и еднаш светски првак (1970), плус има уште едно европско и две олимписки сребра, како и два златни медали на Медитеранските игри.
- Со соопштение на својот сајт, Лион објави дека нивната жалба против одлуката за исфрлање во втора лига е уважена и дека трофејниот клуб останува во Лига 1.
- Лион летово беше исфрлен во втора лига поради тешки финансиски проблеми. Убава вест е што францускиот клуб ќе игра и во Лига Европа за каде се избори.
- Останува да се види во кој состав ќе биде повеќекратниот шампион на Франција во новата сезона.
- Министерството за спорт првично доставило документ до Општина Карпош дека ѝ се одзема салата „Партизан“ во населба Карпош 4 и дека од сега па натаму Министерството за спорт ќе управува со неа. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во меѓувреме изјави:
- „Без никаква причина само од ќеиф ја одземаат, за да ја употребат за нивни бизнис интереси. Ним не им се важни граѓаните, важни им се бизнис интересите на Борко Ристовски.
- Од Министерство за спорт стигна брз одговор: „Упатуваме јасна порака до градоначалникот Јакимовски да не се обидува да ја прекрие својата неспособност да управува со спортската сала со некакви „протести“ и изјави кои изобилуваат со навреди.
- Дали е вистина дека веќе има договорено со нему блиски луѓе да им бидат дадени простории во салата? Граѓаните треба да знаат зошто една готова, реконструирана сала за 1,3 милиони евра цела година стоела затворена?“, стои во соопштение на Министерство за спорт.