- Триесет и едно годишниот Британец роден во Белгија, Вил Стил на рана возраст играл фудбал во Белгија каде живееле неговите а на 17 години почнал да учи школа за тренер. Толку добро напредувал што набрзо го вработиле во неколку белгиски клубови да работи видео-анализа на противникот.
- На 24 стана привремен в.д. тренер на познатиот белгиски клуб Жерминал Бершот, а во октомври 2022-ра година од помошник тренер на Оскар Гарсија станува главен тренер на францускиот прволигаш Ремс.
- Вил Стил направи првокласно чудо откако прво 5 меча беше без пораз, па му го тргнаа тоа в.д. и стана полноправен тренер. Возврати со серија од 17 меча без пораз што е рекорд во Франција. Сега се разделил со клубот и се зборува дека Вест Хем чиј голем навивач е Вил, го бара за тренер.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.