- Со кратко соопштение во кое се наведува дека потегот е повлечен „во интерес на екипата“, челните луѓе на Рома го отпуштија тренерот Даниеле Де Роси, некогашен капитен, дете и легенда на клубот.
- Рома во новата сезона и покрај неколку големи засилувања, на 4 меча освои само 3 од можни 12 бода. Почнаа со 3 нерешени и 1 пораз.
- Клубот веќе неколку години го води компанијата Фридкин Груп односно таткото Дан Фридкин и Рајан Фридкин, а големи овластувања од неодамна имала и извесна Лина Солуку која ја врши позицијата извршен директор.
- Управата наводно за главна цел сезонава го ставила пласманот во Лига шампиони за следната сезона па оттука стравот дека со слаби резултати ќе им избегаат местата кои водат во елитата. Се очекува наскоро нов тренер.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.