- Европската фудбалска унија соопшти дека клубовите Макаби Хаифа во Лига Европа и Макаби Тел Авив во Лига на Конференции натпреварите закажани за домашен терен ќе ги играат на неутрален терен и се одложени.
- Макаби Хаифа требаше да игра со Виљареал слендиот четврток на 26-ти октомври, но мечот е преместен за 6 декември а местото на одигрување уште не се знае.
- Макаби Тел Авив (тренер им е Роби Кин) својот меч со украинска Зорја Луханск наместо следниот четврток, ќе го игра на 25-ти ноември (сабота).
- Легендарниот фудбалер на Црвена звезда и Милан, повеќекратен европски шампион, Дејан Савиќевиќ кој е претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, се соочил со очекувана казна за прекршоците кои ги направил во сообраќај.
- Савиќевиќ во неделата во Херцег Нови возел брзо и одбил алко-тест кога полициска патрола го сопрела неговото возило. Сега судија за прекршоци му изрекол казна со одземање возачка дозвола на 4 месеци и парична казна од 1.000 евра.
- Концертот на озлогласениот хрватски пејач близок до усташката идеологија чии настапи претходните години беа забранувани во Германија, Швајцарија и Австрија, во саботата одржа масовен концерт на Хиподром во Загреб.
- Организаторите соопштија дела 504.000 присутни лица на концертот поставиле нов светски рекорд. На истиот присуствувал и познатиот трофеен голман Филип Ивиќ, хрватски репрезентативец. Поради ова неговиот клуб РК Војводина каде потпишал пре само три недели, му го раскинал договорот.