- Европската фудбалска унија (УЕФА) на 26. септември донесе одлука да им дозволи на машките и женските селекции на Русија У-17 (играчи до 17 години) да настапуваат на турнири во нивна организација, но без знаме, без грб и без интонирање државна химна.
- Само неколку часа подоцна голема врева и против одлуката се кренаа Велика Британија (англискиот ФА), Украина, Романија, Латвија, Литванија, Шведска, Исланд, Финска, Норвешка, Данска и уште некои други сојузи кои најавија дека ќе ги бојкотираат сите У-17 натпревари со Русите, после што УЕФА на денешниот состанок ја повлекла одлуката.
- „Не најдовме соодветно техничко решение за да им дозволиме на руските селекции да играат“, рекле од УЕФА каде претходно соопштија дека младите машки и женски фудбалери од Русија не се виновни за воениот конфликт.
- На денешниот состанок во Нион, УЕФА одлучила и дека Европско првенство 2028 ќе се игра во Велика Британија и Република Ирска, во Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон (два стадиони), Манчестер и Њукасл. А Евро 2032 ќе го организираат Турција и Италија кои понудиле 20 града за домаќинство а УЕФА во октомври 2026 ќе одбере 10 (по 5 од држава).
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.