- Четириесет и четири годишниот тренер на Раднички Крагујевац Младен Жижовиќ синоќа паднал покрај аут-линијата за време на првиот дел од натпреварот Младост Лучани - Раднички Крагујевац. Веднаш интервенирало возилото за Брза помош, но набрзо стигнала информација дека Жижовиќ починал.
- Натпреварот веднаш бил прекинат, а играчите попаѓале на терен и плачеле.
- Младен Жижовиќ бил роден на 27. декември 1980 година во Босна и Херцеговина. Играл за бројни клубови во БиХ а со тренерска кариера почнал во 2017-та во клубот Радник од Бијељина. Беше тренер уште и на Зрињски, Слобода Тузла, Ал Колод во Саудиска Арабија, Шкупи во Македонија (од 9 септември 2023 година до 18 април 2024 година, 21 натпревар, 13 победи, 6 нерешени резултати и само 2 порази) и во Борац Бањалука.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.