- Сензационално, трофејниот и богат турски клуб Трабзонспор во вторникот објави на своите мрежи дека Салах е нивен нов фудбалер.
- Ливерпул не му правеше проблеми на нивниот најдобар фудбалер во последните неколку децении, играч кој на црвените им донесе шампионска титула во Премиер лига и пехар во Лига на шампиони, па Мохамед Салах лесно доби документи дека е слободен играч со цел да може да најде нов клуб.
- Египќанецот ќе заработува околу 17 милиони евра по сезона.
- Првиот човек на турскиот клуб Ерутргрул Доган изјавил за А Спор дека Салах денес ќе оди и на медицински прегледи и најверојатно во четврток ќе биде официјално промовиран во нов играч на Трабзонспор.
- 34-годишниот Салах помина 9 неверојатни сезони во Ливерпул: постигна 257 гола (во историската сезона 2024/2025 имаше 29 гола и 18 асистенции во Премиер лига) со што го израмни и рекордот за најмногу учества во голови во една сезона.
- Баерн Минхен го продолжи договорот со добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, до 30 јуни 2029 година.
- Англискиот напаѓач направи растур систем во дресот на германскиот гигант за кој има 156 гола на 161 натпревар. 146 во првите три сезони и 10 во оваа.
- Со Баерн освои бројни трофеи, меѓу и наградата за најдобар стрелец во Бундеслигата во секоја сезона, а оваа година беше прогласен и за фудбалер на годината во Германија. Двапати ја освои „Златната копачка“, а пред неколку дена и Златната топка.
- Капитенот на англиската репрезентација кој настапува во Минхен од летото 2023 година, освои две титули во германското првенство и Купот на Германија, како и два германски Суперкупа.
- Македонската ракометна репрезентација на најдобар начин ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако го декласираше Луксембург со 41-23.
- „Не ми е најважен резултатот, туку пристапот и начинот на кој игравме. Имавме темпо во текот на сите 60 минути, што воопшто не е лесно за нашите македонски услови, без разлика што противник беше Луксембург. Им честитам на момците за сработеното“, заклучи Лазаров.
- „Имаме три дена до натпреварот со Грција, каде што нè очекува пеколен меч против одлична репрезентација. Ќе пристапиме максимално сериозно и мораме да бидеме подготвени за сите можни сценарија. Ќе се обидеме психолошки да се подготвиме за она што нè очекува“, порача селекторот.