- Некогашниот хрватски репрезентативец, ветеранот Никола Калиниќ (35) по долгата пауза поради повреда се вратил во тимот на Хајдук Сплит и потпишал договор вреден симболично само едно евро а истиот важи до крајот од сезоната.
- Никола Калиниќ играчката кариера ја почнал во Хајдук Сплит а во 2009-та замина во англиски Блекбурн за огромни 7 милиони евра. После тоа играше уште малку и за Атлетико Мадрид, Рома и Милан а минатата година се врати на „Пољуд“.
- Сега при второто враќање го добил дресот со број 9 кој досега му припаѓаше на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој сега ќе носи 27-ца.
- МТФ покажа големо непочитување кон својата најдобра претставничка, Лина Ѓорческа, откако одржа прес-конференција во исто време со нејзиниот деби-настап на Вимблдон против Аманда Анисиова, пишува Спорт1.
- Причина за закажаната средба со новинарите беше одржувањето на ИТФ турнирот „Мацедониан опен“ со награден фонд од 30.000 долари, на која присуствуваа директорот на турнирот Горан Шевченко, нашиот најдобар тенисер во машка конкуренција Калин Ивановски и Дејвис Куп репрезентативецот Амар Хусеиновиќ.
- Терминот на пресот (12:00) не беше променет и покрај тоа што неколку дена претходно беше познато дека во истото време ќе се случува тениска историја за Македонија.
- Цареви.
- Денеска сите стискавме палци и навивавме за нашата Лина Ѓорческа, во својот прв настап на еден од Гренд слем турнирите. Но да се потсетиме и дека Македонија во периодот 1997 до 2002 година имаше редовен учесник на овие најголеми турнири, но во двојки.
- Александар Китинов, кој стигна и до 38 место на АТП листата, во двојки во 2001 година на Вимблдон стигна до третото коло. Тој во таа негова најуспешна година играше и на останатите Гранд слем турнири при што на Ролан Гарос и Австралија Опен стигна до второто коло, а на УС Опен беше елиминиран во првиот меч.
- Вкупно Китинов на сите четири Гранд слем настапи седум пати во двојки и уште девет пати во мешани двојки.